сабота, 6 декември 2025

Папата ги повика сите христијански цркви да се соберат во Ерусалим во 2033 година

Папата Лео XIV, во Турција, каде што престојуваше четири дена, упати покана до сите христијански цркви да се соберат во Ерусалим во 2033 година за да прослават 2000 години од смртта и воскресението на Исус Христос.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот со претставници на христијанските цркви, одржан вчера зад затворени врати, тој рече дека на собирот на највисоките христијански водачи во Светиот град ќе му претходи „духовно патување“, кое би можело да го забрза „целосното единство“ на христијаните во следните осум години, објавува денес Ле Фигаро.

Папата Лео XIV ја потврди оваа информација пред новинарите во авионот со кој леташе од Истанбул до Бејрут. Тој го изговори своето папско мото – „In illo Unum“ – „Во Оној кој е еден – да бидеме едно“ и, како што објавува весникот, се чинеше како да сакаше да покаже дека е свесен за сите тешкотии што треба да се надминат, но и за својата решеност да истрае во еден вид предизвик и сон. Единството меѓу христијаните е изгубено од 1054 година кај Православната црква, а од 1517 година кај Протестантската црква.

Вториот ватикански собор (1962–1965) ја обврза Католичката црква повторно да го открие патот кон единство, а сите претходници на папата Лео XIV работеа посветено на ова, но теолошките пречки остануваат многу сложени, според францускиот дневен весник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ