среда, 4 февруари 2026

Папата ги повика Америка и Русија да го продолжат нуклеарниот договор

Папата Лео ги повика лидерите на Русија и Соединетите Американски Држави да го обноват договорот за контрола на нуклеарното оружје, познат како Нов СТАРТ, кој го ограничува количеството стратегиско нуклеарно оружје што тие земји можат да го распоредат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лео, првиот папа од САД, за време на неделната аудиенција во Ватикан кажа дека моменталната светска ситуација „бара да се стори сè што е можно за да се спречи нова трка во вооружување“.

Договорот, потпишан во 2010 година, истекува утре. Рускиот претседател Владимир Путин во септември предложи неформално продолжување на договорот за уште една година, но американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не одговорил.

„Упатувам итен апел да не се дозволи овој инструмент да истече“, кажа папата Лео. „Поитно е од кога било да се замени логиката на стравот и недовербата со заедничка етика што е способна да ја поништи секоја одлука насочена кон општото добро“.

Истекувањето на Нов СТАРТ би означило крај на повеќе од половина век ограничувања на нуклеарното оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ