Неговите претходници биле закопани во ковчези направени од чемпрес, олово и даб. Папата Франциско се одлучи за едноставен дрвен ковчег обложен со цинк, пренесува Би-би-си.
Тој, исто така, ја отфрли традицијата на јавно поставување на телото на папата на подигната платформа во базиликата Свети Петар.
Наместо тоа, ужалените ќе бидат поканети да му оддадат почит додека неговото тело е во отворен ковчег.
Франциско, исто така, ќе биде првиот папа по повеќе од 300 години кој ќе биде погребан надвор од Ватикан.
Тој ќе почива во базиликата Света Марија Велика, една од четирите главни папски базилики во Рим.
Базилика е црква на која Ватикан ѝ дал посебно значење и привилегија. Големите базилики имаат посебна врска со папата.
Каква е процедурата по смртта на папата Франциско?
Сите кардинали помлади од 80 години имаат право да го изберат папата. Во моментов има 138 од нив.
По смртта или оставка на папата, кардиналите се среќаваат во Сикстинската капела во Ватикан, каде полагаат заклетва на тајност и се изолираат од надворешниот свет. Името конклава доаѓа од латинскиот термин cum clave (под клуч).
Изолираните кардинали можат да дебатираат за заслугите на веројатните кандидати. Отворената кампања не е дозволена, но тоа е „сè уште високо политички процес“, пишува Би-би-си.
За да се избере папа потребно е двотретинско мнозинство.
Секој ден се одржуваат четири круга на гласање додека едно лице не го добие потребното двотретинско мнозинство.
Гласачките ливчиња се палат по секоја седница, испуштајќи чад што може да го видат присутните на плоштадот Свети Петар и пошироко.
Ако чадот е црн, кардиналите не донеле одлука. Белиот чад покажува дека е избран нов папа.