сабота, 6 декември 2025

Папата до Трамп: Не се обидувајте да го урнете Мадуро, подобри се дијалог или економски притисок

Папата Лео Четиринаесетти ја повика администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да не се обидува да го собори венецуелскиот претседател Николас Мадуро со воена сила.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првиот американски папа порача дека би било подобро да се обиде да почне дијалог или да се наметне економски притисок врз Венецуела „ако Вашингтон сака да постигне промени“.

Администрацијата на Трамп разгледува опции за борба против она што го опиша како „улога на Мадуро во снабдувањето со нелегални дроги кои убиваат Американци“. Социјалистичкиот венецуелски претседател негираше дека има каква било врска со нелегалната трговија со дрога.

Ројтерс минатиот месец објави дека американската војска е подготвена за нова фаза на операции по масовното воено засилување на Карибите и речиси тримесечните напади врз сомнителни бродови за шверц на дрога покрај брегот на Венецуела.

Папата додаде дека сигналите на администрацијата на Трамп за нејзината политика кон Венецуела се нејасни. „Од една страна, се чини дека имало повик меѓу двајцата претседатели. Од друга страна, постои опасност дека ќе има некаква воена операција“, кажа тој, осврнувајќи се на повикот меѓу Трамп и Мадуро од минатиот месец.

Лео Четиринаесетти, избран во мај и роден во Чикаго, ја познава Јужна Америка бидејќи поминал многу години како свештеник во Перу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ