недела, 14 декември 2025

Палестинското Министерство за надворешни работи го осуди нападот врз Евреите во Сиднеј

Палестинското Министерство за надворешни работи денес го осуди нападот со огнено оружје за време на прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, во кој загинаа 12 лица, а 29 беа ранети.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството во соопштението повтори дека „одлучно ги отфрла сите облици на насилство, тероризам и екстремизам што се спротивни на хуманите вредности“, пренесе Гардијан.

Палестинското Министерство за надворешни работи истовремено изрази целосна солидарност со пријателска Австралија.

Австралија ја призна Палестинската држава во септември, заедно со Велика Британија и Канада, што претставуваше историски пресврт во рамките на повеќедецениската надворешна политика на Западот и одговор на војната на Израел во Газа, потсети британскиот весник.

На плажата Бонди во Сиднеј, во пукањето врз припадници на еврејската заедница што се собрале за да го прослават празникот Ханука, според последните податоци, загинале најмалку 12 лица, меѓу кои и еден од двајцата напаѓачи, додека 29 луѓе се ранети, пренесе австралиски Еј-би-си њуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ