петок, 19 декември 2025

Палестинскиот претседател: Израелските злосторства во Појасот газа се едно од најстрашните поглавја на 20 и 21 век

Злосторството „против човештвото“ извршено од Израел во Појасот Газа е „едно од најстрашните поглавја“ од 20-тиот и 21-виот век, изјави денес палестинскиот претседател Махмуд Абас во говорот пренесен преку видео врска на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Она што го спроведува Израел не е чиста агресија, тоа е воено злосторство и злосторство против човештвото, кое ќе биде запишано на страниците на историските книги и во совеста на човештвото како едно од најстрашните поглавја од хуманитарната трагедија од 20-ти и 21-ви век“, кажа Абас на кого Соединетите Американски држави му го одбија барањето за виза.

Палестинскиот претседател кажа дека Палестинците го одбиваат антисемитизмот и дека упадот на Хамас на израелска територија од 7 октомври не го претставува палестинскиот народ.

„Го отфрламе она што Хамас го направи на 7 октомври, тоа не го претставува палестинскиот народ, ниту неговата праведна борба за слобода и независност“, кажа Абас.

Палестинскиот претседател додаде дека Хамас не треба да има никаква улога во идното палестинско раководство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ