четврток, 29 мај 2025

Палестинци: Израел истрела проектили врз бегалски шатори, најмалку 25 загинати

Палестинската цивилна одбрана денеска соопшти дека во израелските воздушни напади врз шатори во кои се сместени раселените лица загинале 25 лица на неколку локации во Појасот Газа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Најмалку 16 лица загинаа, повеќето жени и деца, други 23 се повредени откако два израелски проектили директно погодија неколку шатори во кои се сместени раселените семејства во областа Ал-Маваси во Кан Јунис“ на јужната палестинска територија, изјави портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал за Франс прес.

Во друг напад на шатор за раселени лица, во Беит Лахиа на северот на Појасот Газа, загинаа седум лица, „најмногу жени и деца“, 13 беа ранети, додаде тој.

Дете и неговиот татко беа убиени, 13 лица беа повредени во трет напад на населба со шатори, исто така во близина на областа Ал-Маваси, рече тој.

Израелската армија, контактирана од агенцијата Франс прес, сè уште не ја коментирала оваа информација.

Новинската агенција Анадолу пренесува дека по бомбашкиот напад во Кан Јунис избувнал голем пожар кој ги зафатил импровизираните засолништа, додека жителите се обидувале да ги спасат луѓето заробени во запалените шатори. Во нападот изгореа неколку цивили.

Локалните здравствени власти соопштија дека ранетите се пренесени во болницата Насер во Кан Јунис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ