недела, 14 декември 2025

Пакистан: Езеро долго 7 километри формирано од свлечиште, на селата им се заканува катастрофа (ВИДЕО)

Езеро долго седум километри во северен Пакистан, формирано од свлечиште во планина, се заканува да се излее од коритото и да предизвика потенцијално катастрофални поплави низводно, предупредија властите.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Калливиот одрон во петокот се урна во главниот тек на реката Гејзер и целосно го блокираше, создавајќи езеро во покраината Гилгит Балтистан, соопшти Националниот завод за управување со катастрофи.

Блокадата формираше „брана“ која претставува значителен ризик од пукање, се вели во извештајот на покраинскиот огранок на оваа институција.

Новото езеро „може да предизвика катастрофална поплава“, изјави Закир Хусаин, генерален директор на Покраинскиот орган за управување со катастрофи.

Четири области низводно, Гизер, Гилгит, Асторе и Дијамер, се соочуваат со сериозна закана, изјави тој за Ројтерс.

Гизер се наоѓа северно од планинските области во северозападен Пакистан, каде во поплавите предизвикани од најсилните монсунски дождови оваа година од 15 август загинаа речиси 400 лица.

Езерото почна полека да испушта вода и заканата од пукање сега е помала, но поплавите во областите низводно не можат да се исклучат сè додека езерото постепено не се испразни.

Од почетокот на сезоната на монсуните кон крајот на јули, во поплавите во Пакистан досега загинаа 785 луѓе низ целата земја. До 10 септември се очекуваат уште два наврати со обилни дождови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ