Пакистан во текот на ноќта бомбардираше цели на талибанската власт во најголемите градови на Авганистан, соопштија претставници на двете земји, а пакистанскиот министер за одбрана конфликтот го нарече „отворена војна“.
Terrorists must no longer sleep peacefully at night. pic.twitter.com/4fVUZOH0VY
— Political Base Abdul Maroof Azadmanish (@PoliticalBaseMA) February 26, 2026
Безбедносни извори во Пакистан наведоа дека имало ракетни напади воздух-земја врз талибански воени канцеларии и позиции во Кабул, Кандахар и Пактија, како и копнени судири во повеќе сектори долж границата меѓу овие две исламски земји.
Pakistan has released video footage of airstrikes on Kabul, saying they targeted Taliban facilities in response to what it called “unprovoked aggression.”
Meanwhile, the Taliban have threatened to retaliate for the strikes on Kabul by bombing Pakistani cities. pic.twitter.com/WjAW5bObTy
— Visegrád 24 (@visegrad24) February 26, 2026
Талибанците соопштија дека извеле, како што наведоа, возвратни напади врз пакистански воени инсталации.
Двете страни пријавија големи загуби, изнесувајќи значително различни бројки, кои Ројтерс не можел независно да ги потврди.
„Нашата чаша на трпението се прелеа. Сега тоа е отворена војна меѓу нас и вас (Авганистан)“, рече пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Мухамед Асиф.
Односите меѓу Кабул и Исламабад се затегнати поради долготраен спор во кој Пакистан го обвинува Авганистан дека им дава засолниште на милитанти што изведуваат напади преку границата. Талибанците тоа го негираа и порачаа дека безбедноста на Пакистан е внатрешно прашање на таа земја.
Нападите врз инсталации на талибанската власт претставуваат големо заострување и се закануваат со долготраен судир долж границата долга 2.600 километри.
Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид потврди дека пакистанските сили извеле воздушни напади во делови од Кабул, Кандахар и Пактија, но не даде детали.
Кандахар е седиште на талибанците и град во кој се наоѓа нивниот врховен духовен водач Хаибатулах Ахунзада.
Видеоснимките што ги споделија пакистански безбедносни претставници прикажуваат блесоци на светлина во текот на ноќта поради размена на оган долж границата и звук од тешка артилерија. На снимка од напад врз Кабул, чија локација Ројтерс успеал да ја потврди, се гледаат густи столбови црн чад што се издигаат од две локации и голем пожар во дел од престолнината.
Друга снимка прикажува зграда во пламен, за која претставници рекоа дека е талибанско седиште во провинцијата Пактија.
„Пакистанските противнапади врз цели во Авганистан продолжуваат“, наведе во објава на мрежата Икс портпаролот на пакистанската влада Мошараф Заиди, опишувајќи ја акцијата како одговор на „неиспровоцирани авганистански напади“.
Сведоци на Ројтерс во Кабул рекле дека по силните експлозии и звукот од млазни авиони се слушнале многу сирени на амбулантни возила.
Заиди изјави дека се убиени 133 авганистански талибански борци, а повеќе од 200 се ранети, дека се уништени 27 позиции и дека девет се заземени.
Муџахид, од друга страна, наведе дека се убиени 55 пакистански војници и дека се запленети 19 позиции, додека осум талибански борци загинале, 11 се ранети, а 13 цивили се повредени во провинцијата Нангархар.
Ројтерс пишува дека воените способности на Пакистан се значително надмоќни во однос на Авганистан. Сепак, талибанците се вешти во герилско војување, закоравени по децениите борби со американските сили и нивните сојузници, пред да се вратат на власт во 2021 година.
Судирите меѓу Пакистан и Авганистан во октомври однесоа десетици животи меѓу војниците, сè додека преговорите со посредство на Турција, Катар и Саудиска Арабија не ги прекинаа непријателствата.
Министрите за надворешни работи на Пакистан и Саудиска Арабија разговараа во петок за намалување на тензиите, соопшти саудиското Министерство за надворешни работи, без да наведе детали дали Ријад учествувал во посредување за прекин на огнот.
Русија, единствената земја што формално ја има признаено талибанската влада, повика на прекин на непријателствата и соопшти дека би размислила за посредување во преговорите доколку тоа го побараат двете страни, пренесоа државните медиуми повикувајќи се на руското Министерство за надворешни работи.
Пакистан е на висок степен на безбедносна подготвеност откако претходно оваа седмица изведе воздушни удари за кои Исламабад тврди дека биле насочени кон кампови на Техрик-е-Талибан (ТТП), односно пакистанските талибанци, и милитанти на Исламска држава во источен Авганистан.
Кабул и Обединетите нации соопштија дека во тие напади загинале 13 цивили и повторија дека не дозволуваат милитанти да дејствуваат од нивна територија. Талибанците исто така предупредија дека ќе следи силен одговор.
Владата на пакистанската провинција Пенџаб соопшти дека денеска е во состојба на висока подготвеност поради можни милитантни напади и дека спровела низа безбедносни операции, при што 90 авганистански државјани биле одведени во центри за задржување за депортација.
Државната новинска агенција од авганистанскиот Нангархар, Бахтар њуз, сподели фотографија од она што го опиша како баталјон самоубиствени бомбаши, наведувајќи изјава на авганистански безбедносен извор дека напаѓачите се опремени со експлозивни елеци и автомобили-бомби и подготвени да нападнат главни цели.
Пакистанските претставници последниве денови соопштуваат дека стравуваат од ескалација на милитантните напади во урбаните центри.






