Целта на иницијативата е изградба на единствен систем за противвоздушна и противракетна одбрана низ Европа по руската инвазија на Украина, пишува Ројтерс.
„Небесен штит“ би требало да ги покрива трите активни украински нуклеарни централи и градовите Одеса и Лавов, но не и линијата на фронтот или источните делови на Украина.
Европскиот небесен штит, кој, по избивањето на конфликтот во Украина во 2022 година, го смисли Германија со цел да се зајакне европскиот противвоздушен систем, е проект кој го форсираат европските функционери во смисла на безбедноста на Стариот континент.
До сега 17 европски земји се пријавиле за учество во европскиот „Небесен штит“, а меѓу нив се Германија, Британија, Финска и Шведска.
Целта на иницијативата „Небесен штит“ е набавка на одбранбени системи со краток, среден и долг дострел на што е можно покоординиран начин, за да се спречат сите закани од воздух.
Германското министерство за одбрана на својот сајт краткиот дострел го дефинира како оддалеченост до 15 километри во должина и шест километри во висина, средниот е од 15 до 50 километри во должина и до 25 километри во висина, а големиот од 50 километри во должина и до 35 километри во висина.