вторник, 30 декември 2025

Падна Хама, еден од најголемите градови во Сирија (ВИДЕО)

Сириската војска соопшти дека се повлекува од стратегиски важниот град Хама, што претставува втор голем пораз за сириската власт, откако минатата недела терористичката коалиција го зазеде Алепо.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во изјавата која ја пренесе државната новинска агенција САНА, сириската војска наведува дека судирите со терористичките групи станале поинтензивни, што довело до пробивање на тие групи во неколку делови од градот.

Алепо, вториот по големина сириски град, повторно го зазедоа терористички групи потиснувајќи ги силите на претседателот Башар ал Асад.

Офанзивата на исламистите е голем удар за сирискиот претседател Асад и неговите сојузници Иран и Русија, повторно вжештувајќи ја граѓанската војна која со години мируваше. Хама е сместена на клучна раскрсница во западна Сирија, и има значење за врската меѓу Дамаск и Алепо.

Абу Мохамед ал Јолани, лидер на терористичката група Хајат Тахрр ал Шам, тесно поврзана со Исламска држава, изјави дека неговите борци влегле во Хама за да ја „исчистат раната стара 40 години“, алудирајќи на бунтот од 1982 година, задушен од претседателот Хафез ал Асад, таткото на актуелниот претседател.

Терористичките сили сега планираат да напредуваат на југ, кон Хомс, 165 километри од престолнината Дамаск, а портпаролот на џихадистите Хасан Абдулгани, ги повика луѓето во Хомс да се придружат на офанзивата.

Граѓанската војна во Сирија почна во 2011 година, кога владата ги задуши протестите против Асад, за конфликтот да се разгори низ целата земја. Во војната учествуваа голем број фракции, вклучувајќи и многу терористички групи, како Исламска држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ