За време на празниците, на тоа место ќе биде поставено „божиќно село“, како што најави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Претседателот Александар Вучиќ синоќа беше пред Народното собрание, а потоа изјави дека во следниот месец шаторите ќе бидат отстранети и од Пионирскиот парк.
Вучиќ најави дека во следните неколку дена ќе биде поставено „божиќно село“ пред Народното собрание.
Тој кажа и дека се очекува сообраќајот пред Народното собрание да се нормализира.
Повеќе од половина година просторот пред парламентот во Белград е окупиран од шатори. Кампот, познат во јавноста под прекарот Чациленд, првично се наоѓаше во Пионерскиот парк и беше претставен како израз на протест на спротивставените студенти кои „само сакаат да учат“, како што гласеше слоганот.
Сепак, барањата кои доведоа до создавањето на кампот денес се речиси заборавени, а оние што се собираа од самиот почеток не беа само студенти. Со текот на времето, кампот се прошири на платото пред Народното собрание, шатори беа поставени и на улицата, а значењето на таа „населба“ е сè помалку јасно, освен како еден вид контрапротест на студентските протести.
Студентските протести траат веќе една година поради трагичната смрт на 16 лица во Нови Сад. Опозициските медиуми постојано укажуваат дека во Чациланд се собираат хулигани и насилници во служба на режимот на Вучиќ.






