вторник, 13 мај 2025

Откриени детали од преговорите меѓу Путин и претставникот на Трамп

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, во Москва заврши по три часа разговори, изјави денес помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

По средбата во Кремљ, на која присуствуваше Ушаков, за новинарите изјави дека тема на разговор е можноста за продолжување на директните преговори меѓу Русија и Украина, за постигнување договор за прекин на огнот, пренесува РИА Новости.

„Во однос на украинската криза особено се разговараше за можноста за продолжување на директните преговори меѓу претставниците на Руската Федерација и Украина“, изјави Ушаков.

Ушаков оцени дека средбата меѓу Путин и Виткоф била „конструктивна“ и „корисна“. „Имаше тричасовен разговор, кој беше конструктивен и многу корисен по својата природа“, истакна Ушаков.

Тој додаде дека средбата овозможила натамошно приближување на позициите на Русија и Соединетите Американски Држави не само за Украина, туку и за други меѓународни прашања.

Ушаков рече и дека дијалогот меѓу Русија и САД ќе продолжи да се одвива во најактивниот режим.

„Во согласност со постигнатиот договор меѓу претседателите на Русија и САД, продуктивниот руско-американски дијалог на различни нивоа ќе продолжи да се одвива во најактивен режим“, рече Ушаков. Тој ја истакна симболиката на средбата меѓу Путин и Виткоф, што се одржа на 80-годишнината од средбата на советските и американските трупи на Елба.

„Инаку, симболично е што денешната средба се одржа на 80-годишнината од историскиот состанок на советските и американските војници на Елба. Оваа средба, како што сите знаат, го симболизира воениот сојуз на нашите две земји во борбата против нацизмот“, изјави Ушаков.

Советските и американските трупи, завршувајќи го поразот на нацистичка Германија, се сретнаа на бреговите на реката Елба пред 80 години, на 25 април 1945 година. На средбата со Витков во Кремљ, од руска страна, присуствуваше и директорот на Руски фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ