четврток, 19 март 2026

Откриена мрежа сомнителни телекомуникациски уреди во Њујорк за време на Генералното собрание на ОН

Мрежа од повеќе од 300 сервери и 100.000 СИМ-картички која би можела да ги наруши телекомуникациите во Њујорк е неутрализирана пред денешниот почеток на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации, соопштија американските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Покрај овозможувањето анонимни телефонски повици со закани, овие уреди можат да се користат за извршување низа телекомуникациски напади“, соопшти Тајната служба, која е задолжена за заштита на високите американски политички личности.

„Ова вклучува оневозможување на антените на мобилната телефонија, овозможување напади со ускратување на услуга и олеснување на анонимни и шифрирани комуникации помеѓу потенцијално злонамерни актери и криминални организации“, се наведува во соопштението.

Претседателот Доналд Трамп одржа говор во седиштето на Обединетите нации денес за време на неделата состаноци на високо ниво на Генералното собрание на ОН, на кое учествуваат лидери од речиси сите земји.

Тајната служба објави дека запленетите електронски уреди се наоѓале во радиус на приближно 50 километри од комплексот згради во центарот на Њујорк, каде што се наоѓа и седиштето на ОН.

Федералната агенција објави фотографии од десетици кутии со СИМ-картички што кои се поврзани со електронски уреди и фотографии од некои од тие уреди.

„Со оглед на времето, местото и потенцијалот за значителни нарушувања на телекомуникациите во Њујорк, агенцијата дејствуваше брзо за да ја демонтира таа мрежа“, се наведува во соопштението.

Иако анализата на уредите и истрагата се сè уште во тек, „првичните анализи укажуваат на постоење на комуникации меѓу државни актери кои претставуваат закана за Соединетите Американски Држави и лица познати на органите за спроведување на законот“, се заклучува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ