Руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека противвоздушната одбрана до полноќ пресретнала 112 украински беспилотни летала, од кои 59 само во регионот Брјанск, на југозапад од земјата.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на социјалните мрежи изјави дека по полноќ биле соборени 33 беспилотни летала кои се движеле кон главниот град.
Сообраќајот на три аеродроми во Москва беше во прекин во текот на ноќта.
Гувернерот на пограничниот украински регион Харков, Олег Синегубов, соопшти дека осум лица, меѓу кои и четиригодишно девојче, се ранети во нападите на руски беспилотни летала синоќа.
Украина од саботата е цел на масовни руски воздушни напади.