„Веруваме дека оваа постапка е исклучиво контрапродуктивна“, изјави Марија Захарова на својот неделен брифинг.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, за санкциите против двата руски гиганти рече дека се „огромни“, наметнати со надеж дека ќе ја убедат Москва да ја прекине војната во Украина што ја започна во февруари 2022 година.
„Доколку сегашната американска администрација продолжи да го следи примерот на своите претходници, резултатот ќе биде подеднакво катастрофален од гледна точка на (американската) внатрешна политика и негативен за светската економска стабилност“, рече Захарова.
„Нашата земја разви солиден имунитет против овие западни рестрикции и ќе продолжи да го развива својот економски потенцијал, вклучително и во областа на енергетиката“, рече таа.
Трамп, кој неколку месеци одбиваше да донесе одлука за санкции против Русија, изјави дека неговите разговори со рускиот претседател „не водат никаде“, еден ден по одложувањето на неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта на неодредено време.






