Кривичниот суд во Париз во четвртокот го осуди поранешниот претседател на пет години затвор за „злосторнички заговор“ затоа што им дозволил на неговите блиски соработници да се приближат до Либија на Моамер Гадафи за да ја финансираат неговата победничка кампања во 2007 година.
На прашањето на „Журнал ди диманш“ дали очекува помилување од претседателот Емануел Макрон, поранешниот шеф на државата одговори – „во никој случај“.
„За да бидете помилувани, мора да ја прифатите казната и со самото тоа да признаете вина. Никогаш нема да признаам вина за нешто што не сум го направил. Ќе се борам до последниот здив да ми се признае искреноста“, рече Саркози, додавајќи дека е уверен во својата победа.
Саркози на 13 октомври беше повикан од судовите, кои ќе го информираат за датумот на неговото затворање, веројатно „во релативно блиска иднина“, соопштија судски извори.






