Откако беше уапсен на местото на нападот, осомничениот го признал убиството, велејќи дека го направил „за Газа“, пренесува Еј-би-си њуз.
Нападот се случил кога двајца работници излегувале од настан во музејот. Според официјални лица, напаѓачот пукал во нив од непосредна близина, а жртвите, маж и жена, починале на местото на настанот.
Една од нив била во критична состојба пред да почине во болница. Напаѓачот, откако го извршил нападот, се обидел да влезе во зградата на музејот, преправајќи се дека е очевидец, но бил спречен од обезбедувањето.
Според началничката на полицијата во Вашингтон, Памела Смит, осомничениот го признал делото по апсењето, а при сослушувањето рекол дека пукал „за Палестина“. Тој објаснил и каде го оставил оружјето, кое подоцна било пронајдено и одземено.
ФБИ и локалната полиција го истражуваат и испрашуваат осомничениот, а според првичните информации се верува дека се работи за „целен напад“.
Заменик-директорот на ФБИ Дан Бонгино изјави дека нападот се случил во близина на нивната канцеларија во Вашингтон и дека агентите на ФБИ веднаш дале помош по нападот.
Според изјавите на сведоците, напаѓачот по извршувањето на делото се обидел да се преправа дека е сведок и побарал помош од обезбедувањето на музејот пред да одлучи да ѝ се предаде на полицијата.
Очевидци рекле дека околу десет минути чекал полицијата да пристигне, пред да ја преземе одговорноста за нападот, велејќи дека тоа го направил во знак на протест против израелската политика.
Градоначалничката на Вашингтон, Муриел Боусер, го осуди нападот и рече дека „нема да толерира насилство и омраза во градот“.
„Ова е срамен чин на тероризам и антисемитизам и ние ќе бидеме обединети во нашиот одговор“, рече Боусер, додавајќи дека градот ќе направи сѐ што е потребно за да ги заштити сите заедници, вклучително и израелските дипломати и еврејската заедница во САД.
Амбасадорот на Израел во САД, Јехиел Лаитер, изрази тага за загубата на неговите колеги и нагласи дека нападот дополнително ја потврдил потребата од посилни мерки за заштита на дипломатскиот персонал.
Станува збор за двајца млади што биле пар.
„Овој трагичен инцидент е потсетник за тоа колку е важно да се продолжи борбата против антисемитизмот и сите форми на тероризам“, рече Лаитер, додавајќи дека израелската влада е во постојан контакт со американските власти за да ја осигури безбедноста на израелските дипломатски претставништва.