понеделник, 29 декември 2025

Османи: Планирам и втор мандат како претседателка на Косово

Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска изјави дека планира втор мандат на таа функција, дека го чека формирањето нови институции и дискусии за поддршка на нејзината кандидатура.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Османи за Радио слободна Европа изјави дека „има намера да продолжи со политичкиот ангажман доколку не биде избрана за претседателка“.

„Ќе разговарам со сите албански партии. Ќе треба да седнеме, да разговараме и да видиме дали ќе сакаат да ја слушнат волјата на граѓаните, која е јасна. Огромното мнозинство мерења покажуваат дека околу 81 процент од граѓаните сакаат мој втор мандат. Ќе видиме дали пратениците сакаат таа волја да се материјализира. Ако пратениците не го сакаат тоа и немаат волја, јас ќе го продолжам политичкиот ангажман“, изјави Османи.

Таа објави „добра вест на почетокот на следната година“, наведувајќи дека заедно со нејзиниот тим „одлично завршила работа со земјите кои сакале да ги замрзнат односите со Косово“.

„Србија тврдеше дека убедила повеќе од 20 земји да го повлечат признавањето на Косово. Тие земји навистина даваа изјави во присуство на Србија. Имаше случаи кога испраќаа писма до Обединетите нации, имаше случаи кога испраќаа писма до нас и известувања до нашите сојузници дека го замрзнуваат процесот на признавање додека не заврши дијалогот. Работев на тоа секоја од нив да се врати, освен една држава – со секоја од нив повторно го потврдив признавањето на средбите со нивните лидери Тоа беше како нови признавања“, кажа Османи.

Претседателот или претседателката на Косово се избира индиректно, во Собранието на Косово, со двотретинско мнозинство пратеници.

Доколку ниту еден кандидат не добие двотретинско мнозинство, кандидатот кој ќе освои просто мнозинство се избира во третиот круг на гласањето.

Гласањето за претседател во тамошниот парламент мора да се одржи најдоцна еден месец пред истекот на мандатот на актуелниот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ