На церемонијата во косовското претседателството Османи изјави дека зад себе остава „извонредно дело“ и дека е среќна што жена ќе ја преземе таа функција до изборот на нов претседател.
„Секогаш ми беше една од големите желби, кога и да ја напуштам оваа позиција, да оставам жена зад себе. Оваа желба се исполнува денес и искрено се надевам дека, како што вели народот, и вие отстапите и ќе оставите жена зад себе на оваа позиција. Со целосна доверба дека жените секогаш покажуваат посебна грижа за институциите и за секој граѓанин на Републиката“, кажа Османи.
Таа ѝ посака на Аљбуљена Хаџиу успех во периодот во кој ќе ја врши функцијата привремена претседателка на Косово.
Османи изрази желба парламентот што е можно поскоро да избере нов претседател.
Хаџиу изјави дека за време на извршувањето на своите должности како претседателка ќе постапува во согласност со Уставот и важечките закони, нагласувајќи дека ја разбира одговорноста и уставните обврски што ги презема.
Таа ѝ се заблагодари на претседателката во заминување Вјоса Османа за нејзината посветеност на служењето на Косово.
Хаџиу нагласи дека Уставот не ѝ дозволува да остане на функцијата вршител на должноста претседател повеќе од шест месеци и изрази надеж дека парламентот ќе избере нов претседател што е можно поскоро, нагласувајќи дека нови избори не се добри ниту за граѓаните, ниту за земјата.
Таа ги повика пратениците што е можно поскоро да најдат решение за прашањето за претседател, оставајќи ги настрана политичките разлики и несогласувања.
Османи беше шести претседател на Косово по 1999 година, а функцијата претседателка ја презема на 4 април 2021 година.






