вторник, 16 декември 2025

Османи го повика папата Лео да го признае Косово: Дарданската земја на светот му ги подари Скендербег, Мајка Тереза, Константин…

Претседателката на Косово Вјоса Османи во текот на викендот го замоли папата Лео Четиринаесетти Ватикан официјално да ја признае независноста на Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа по средбата одржана во саботата во видео порака објавена на Фејсбук изјави дека ова е важен ден за односите меѓу Косово и Ватикан.

Османи изјави дека, покрај средбата со папата, разговарала и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

„На средбата со Неговата Светост, ја изразив надежта и вербата на целиот народ на Косово дека Ватикан конечно ќе ја донесе долгоочекуваната одлука за признавање на Република Косово, признавајќи го долгогодишното страдање на нашиот народ во напорите да живее слободно и независно“, кажа Османи.

Таа нагласи дека таквата одлука би имала позитивно влијание не само врз Косово, туку и врз мирот, стабилноста и благосостојбата во регионот.

Османи ги нагласи и историските врски на Косово со христијанството, истакнувајќи дека „дарданската земја“ му дала на светот истакнати личности како што се Ѓорѓе Кастриот – Скендербег, Мајка Тереза, царевите Константин и Јустинијан, како и други важни личности за историјата на човештвото и европската цивилизација.

Во седиштето на Специјалната мисија на Косово во Светата Столица, Османи ќе организира новогодишен прием за претставници на Ватикан, дипломати и други личности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ