петок, 19 декември 2025

Османи: Бахами станаа 121 држава која го призна Косово како независна држава

Бахамите станаа 121-та земја која го призна Косово како независна и суверена држава, објави денес претседателката Вјоса Османи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа изјави дека потпишала билатерален договор за признавање и воспоставување дипломатски односи со оваа карипска островска држава во главниот град на Бахамите.

Исто така, беше објавена заедничка декларација во која се вели дека „двете земји информираат за воспоставување дипломатски односи меѓу Комонвелтот Бахами и Република Косово“.

Тоа важи „од датумот на потпишување на Заедничкиот договор за воспоставување дипломатски односи, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година“, се наведува во декларацијата.

Во неа се наведува  дека „двете земји го потврдуваат почитувањето на суверенитетот, рамноправноста на државите и мирното решавање на споровите“.

Ова е четврто признавање на Косово оваа година, а на Бахамите им претходеа Сирија, Судан и Кенија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ