недела, 7 декември 2025

Оштетени повеќе стотици книги во Лувр поради протекување на вода: „Во тек е сушење страница по страница“

Неколку стотици книги во библиотеката на Одделот за египетски антиквитети во музејот Лувр во Париз се оштетени поради протекување на вода во ноември, објави денес раководството на таа културна институција, а пренесуваат француските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Штетата во моментов погодува помеѓу 300 и 400 книги. Во процес сме на правење целосен инвентар“, изјави претставникот на музејот Франсис Стенбок за француската онлајн телевизија БФМТВ, додавајќи дека секоја книга се суши, страница по страница, со употреба на впивачка хартија.

Тој додаде дека станува збор главно за археолошки списанија и важни книги, но не и за особено драгоцени дела.

Цевката која го предизвикала истекувањето, а која требало да остане затворена, е дел од системот што мора целосно да се замени, кажа Стенбок.

Репутацијата на музејот Лувр веќе беше нарушена во октомври со спектакуларниот грабеж кој се случи среде денот. Тогаш беше украден накит во вредност од околу 88 милиони евра.

Грабежот предизвика голема дебата во Франција за безбедносните пропусти во најпосетуваниот музеј во светот. Четири лица беа уапсени во врска со истрагата, но украдените предмети не се пронајдени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ