вторник, 10 јуни 2025

Орки и делфини со месеци заробени во напуштен морски парк во Франција (ВИДЕО)

Две орки и десетина делфини се заробени во напуштен морски парк во Франција веќе четири месеци, во услови што активистите ги опишуваат како „опасни“ и „очајни“.

Објавено на

часот

Сподели

Вознемирувачки снимки од дрон објавени од групата за права на животните Тајдбрејкерс ги прикажуваат 23-годишната орка Вики и нејзиниот 11-годишен син Кеиџо како бесцелно пливаат во напуштениот парк Маринленд Антиб, покрај Кан. Паркот е затворен од 5 јануари. На снимките се гледаат и базените полни со алги во кои се затворени преостанатите делфини.

Иако условите се видливо лоши, француските власти сè уште не пронашле соодветно место во Европа за преместување на орките, отфрлајќи неколку предлози, вклучувајќи го и оној за нивно преместување во морска зоолошка градина во Јапонија.

„Ситуацијата во Маринленд е итна и бара внимание од целиот свет“, вели коосновачот на Тајдбрејкерс, Маркета Шустерова. „Ова се последните две орки во заробеништво во Франција и тие мора итно да се преместат. Сегашните услови претставуваат сериозна закана за нивното здравје и безбедност“, рече таа.

Маринленд Антиб е затворен поради закон донесен во 2021 година со кој се забрануваат претстави со делфини и китови во заробеништво во Франција. Откако беше затворен, раководството на паркот се обидува да најде нови сместувачки капацитети за животните, особено за орките. Иако паркот повеќе не работи, тој сè уште има законска обврска да се грижи за животните сè додека не им се најде постојан дом. Вики и Кеиџо се родени во заробеништво и не би преживеале во дивината.

Одбиени два предлози за преместување

Француската влада отфрлила два предлози за преместување – едниот во морската зоолошка градина во Јапонија и другиот во резерват за китови во Канада. Лори Марино, претседателка на Проектот за резерват на китови (ВСП) на Канада, вели дека нивната локација е „единствената преостаната опција“.

Во февруари, француската министерка за животна средина, Ањес Пание-Рунахер, најави потрага по соодветно засолниште во Европа, но сè уште не е одреденпо. „Ако сè уште немате локација, ќе ви требаат години за функционално засолниште“, предупредива Марино.

Француските власти тврдат дека долгите патувања би биле премногу стресни за животните, а дополнителниот обид за нивно преместување во Лоро Парке на Тенерифе е одбиен од шпанските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ