вторник, 12 август 2025

Орбан за разговорот на Путин и Макрон: Потребни ни се дипломати, а не генерали

Унгарскиот премиер Виктор Орбан кажа дека конфликтот меѓу Русија и Украина не може да се реши на бојното поле, туку дека клучот е во преговорите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ни требаат дипломати, а не генерали“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс, како коментар на вчерашниот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон.

Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон вчера разговараа на телефон, за прв пат по три години. Тие разговараа за конфликтот во Украина, Блискиот Исток и зачувувањето на договорот за неширење на нуклеарно оружје, соопшти Кремљ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ