вторник, 10 февруари 2026

Орбан за изборите во Унгарија: Меѓу слободата и бриселскиот јарем (ВИДЕО)

Претстојните општи избори ќе одлучат дали Унгарија ќе остане слободна земја или ќе стане слуга на бриселската бирократија и големиот бизнис, предупреди премиерот Виктор Орбан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија бира нов парламент на 12 април. Анкетите на независните истражувачи во моментов покажуваат поголема поддршка за опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, отколку за владејачката Фидес.

„Прашањето е дали бираме влада или гувернер“, кажа Орбан во интервју за порталот Солјон.

Унгарија е под голем притисок од Брисел да се откаже од одредени национални цели, да се вклучи во руско-украинскиот конфликт, да даде огромни суми пари на Украина, како и да прифати мигранти и да ги укине законите за заштита на децата и поддршка на семејствата, објасни Орбан.

Брисел бара Будимпешта да воведе и мерки за штедење и да го зголеми износот што го плаќа во ЕУ.

„Значи, од изборите зависи тоа дали ќе останеме на патот на зачувување на националните интереси, со народна влада и народен ред, или ќе клекнеме, ќе го прифатиме јаремот и ќе избереме гувернер кој извршува само наредби од Брисел“, додаде Орбан.

Унгарскиот премиер изјави и дека опозицијата е поддржана од голем капитал: „банкари, енергетски брокери и лондонски лобисти“, облечени во бриселска облека. Тој предупреди дека во случај на победа на опозицијата, тие ќе ја формираат владата, „а унгарскиот народ ќе остане со празни џебови“.

Изборите во април се помеѓу патриотска влада која ќе им служи на националните интереси на Унгарците или бриселска марионета која ќе им служи на интересите на странците, заклучи Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ