понеделник, 23 јуни 2025

Орбан за членството на Украина во ЕУ: Унгарија нема да ја плати таа сметка (ВИДЕО)

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан уште еднаш повтори дека Будимпешта нема да дозволи прием на Украина во Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку Украина влезе во ЕУ би било многу полесно финансиски да се поддржи бидејќи важат сосема други правила за финансирање на членка на ЕУ во однос на земја која не е членка“, објасни Орбан и додаде дека Будимпешта сака да го задржи Киев надвор од Унијата бидејќи доколку го дозволат тоа Украина „би ги впила сите средства како сунѓер“.

„Цената на тоа би ја платиле централноевропските земји вклучувајќи ја Унгарија, а тоа не смееме да го дозволиме“, порача Орбан во видео објавено на социјалната мрежа Икс.

Дозвола за Украина да се придружи на ЕУ, напиша Орбан во коментарот, би ја отворила вратата за исцрпување на нашите ресурси.

„Унгарија нема да ја плати таа сметка“, истакна тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ