понеделник, 14 јули 2025

Орбан: Унгарија е црната овца на Европската Унија и кошмар за Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Украина ѝ се потребни примирје, преговори и мир, и дека дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Орбан на собирот на парламентарната група Патриоти за Европа во Европскиот парламент изјави дека политичарите кои се залагаат за војна сакаат да ги убедат луѓето дека војната мора да продолжи, објави унгарската новинска агенција МТИ

„Ве уверувам дека оваа војна не може да се добие, нема решение на бојното поле, само мртви, страдање и уништување“, кажа тој.

Унгарскиот премиер, исто така, рече дека неговата земја е црна овца на Европската Унија и кошмар за Брисел, додека за европските патриоти таа претставува надеж.

„Не сакаме Брисел да воведе воена економија под изговор на војна, не сакаме да зема огромни кредити, да ги федерализира парите на земјите-членки и да ги вовлекува нашите земји во трка во вооружување. Барам од вас да ги запреме“, им кажа Орбан на учесниците на собирот.

Според него, Брисел ѝ се заканува и ја уценува Унгарија со финансиски санкции затоа што не пушта мигранти во земјата, но Будимпешта повеќе би сакала да им плати отколку да им дозволи на мигрантите да ја уништат безбедноста на унгарските градови и улици.

„Се бориме за семејствата и татковината, дури и ако треба да се соочиме со целата бирократија на Брисел“, порача Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ