недела, 21 декември 2025

Орбан: Унгарците не сакаат да ја делат ЕУ со Украинците

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го повтори својот став дека Унгарците не сакаат да бидат во ист сојуз со Украинците за да не ја делат својата судбина – а судбината на Украинците, според него, е да бидат покрај Русија, кажа тој во интервју за унгарското радио Кошут.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Унгарците не сакаат да бидат во истата Европска унија со Украинците“, кажа тој, додавајќи дека длабоко се согласува со тоа. „Ако сте со некого во федерален систем, ја делите неговата судбина, а Украина е земја со многу тешка судбина. Зошто да ја делиме таа тешка судбина?“, праша тој.

Тој истакна дека Унгарците имаат своја судбина, која е многу полесна од украинската. „Ги жалиме, сочувствуваме со нив, храбро се борат, мора да ги поддржиме, но не сакаме да ја делиме нивната судбина“, истакна тој.

Според унгарскиот премиер, судбината на Украинците е таква што тие живеат покрај Русија и постојано се во војна со Русите. Орбан кажа дека сака да ја ослободи Унгарија од потребата да биде во федерален систем со Украинците и да се бори со Русите.

„Ако сте во федерален систем со некого и ве нападнат, порано или подоцна ќе мора да испратите војници, а ние не сакаме да умираме за Украина“, кажа тој.

Унгарија не ја поддржува идејата за давање „кредити за репарација“ на Украина врз основа на замрзнатите руски средства на Западот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ