сабота, 12 јули 2025

Орбан: Украина не е во НАТО и ќе се погрижам така и да остане

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека НАТО не треба да има никаква улога во Украина, нагласувајќи дека земјата не е членка на Алијансата и дека неговата политичка цел е тоа да не се промени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина не е членка на НАТО, исто како и Русија. Моја задача е да се погрижам така и да остане“, рече Орбан, пишува Украинска правда.

Орбан исто така изјави дека не ја смета Русија за сериозна закана за НАТО, иако често се споменува во официјални документи и изјави на Алијансата. Според него, НАТО е „многу посилно“ од Русија, поради што нема реална опасност. Наместо безбедносна закана, Орбан гледа поголем проблем за Европа во губењето на економската конкурентност.

Унгарскиот премиер уште еднаш го пофали американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи го неговиот „здрав разум“ во надворешната политика. Тој верува дека благодарение на пристапот на Трамп, новите конфликти станаа пократки, додека постојните војни „го изгубија својот интензитет“.

Во последните месеци, Орбан ги засили критиките кон Украина, која стана централна тема во унгарската државна реторика. Тој исто така води пропагандна кампања во која ги повикува унгарските граѓани да се спротивстават на членството на Украина во Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ