сабота, 20 декември 2025

Орбан: Украина не е суверена држава

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес кажа дека Украина не е суверена држава, одговарајќи на обвинувањата дека унгарски беспилотни летала го нарушиле украинскиот воздушен простор, додека тензиите меѓу Киев и Будимпешта растат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина не е во војна со Унгарија, туку е во војна со Русија. Треба да се грижи за беспилотните летала на својата источна граница“, кажа Орбан во интервју за десничарски подкаст популарен меѓу неговите поддржувачи.

„Им верувам на моите министри, но ајде да замислиме дека (дронот) навистина прелетал неколку метри таму, па што? Украина не е независна земја. Украина не е суверена земја. Ние ја финансираме Украина, Западот обезбедува средства, оружје“, истакна унгарскиот премиер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави дека извидувачки беспилотни летала го нарушиле украинскиот воздушен простор, повикувајќи се на прелиминарен воен извештај во кој се вели дека леталото дошло од Унгарија за да го испита индустрискиот потенцијал на пограничните области.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го отфрли обвинувањето, велејќи дека Зеленски „го губи разумот“.

Унгарија во понеделникот објави дека ќе го оневозможи работењето на дванаесет украински портали по сличен потег на Киев, што е дополнителен знак за растечки тензии меѓу двете земји.

Претходно месецов, на барање на безбедносните служби, Украина блокираше разни интернет страници за кои се верува дека содржат проруски ставови. Меѓу страниците се осум портали на унгарски јазик, меѓу кои е провладиниот сајт Ориго.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ