Телефонскиот повик траеше еден час, а во него учествуваа уште седум европски лидери, меѓу кои Володимир Зеленски, Фридрих Мерц, Кир Стармер, Џорџа Мелони, Александар Стаб и Карол Навроцки, како и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, се наведува во соопштението за медиумите.
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер сè уште не објави, но некои европски политичари веќе го коментираа разговорот.
Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини кажа: „Секој чекор кон мирот, како овој, е добра вест. Како што кажа папата Лео, нека дипломатијата повторно зборува наместо оружјето, без никој да се меша“.
Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде кажа: „Рускиот претседател Владимир Путин ги повтори познатите аргументи, нагласувајќи ги таканаречените „суштински причини“ за војната, што всушност е кодиран јазик за оправдувањето на Русија за нелегалната инвазија на Украина“. Тој додаде дека е важно да се продолжи притисокот врз Русија и да се слушнат потребите на Украина.
Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски кажа дека е „среќен што претседателот Трамп се обидува да ја запре војната“, но исто така предупреди на „пропагандните бесмислици за „корените на конфликтот“ што ги изнесе Путин за време на прес-конференцијата.
„Проблемот е рускиот империјализам, а не желбата на Украина да живее слободно“, оцени Липавски. „Доколку Путин беше сериозен во врска со мировните преговори, немаше паралелно да ја напаѓа Украина цел ден “.
Литванската министерка за одбрана Довиле Сакалиене го обвини Путин за „уште неколку манипулации и прикриени закани“ кон Украина и Европа за време на прес-конференцијата, на која рускиот претседател изрази надеж дека земјите „нема да се обидат да ги саботираат преговорите“.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача на Фејсбук: „Со години ги гледаме двете најголеми нуклеарни сили како ја расклопуваат рамката на нивната соработка и си испраќаат пораки едни на други“.
„Сега тоа е завршено. Светот денес е побезбедно место отколку што беше вчера“, истакна Орбан.






