понеделник, 22 декември 2025

Орбан следната недела во Вашингтон поради санкциите против Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе се сретне следната недела со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за санкциите на Соединетите Американски Држави против руската нафтена индустрија, објави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Средбата доаѓа во време на зголемени тензии откако Вашингтон воведе санкции врз најголемите руски нафтени компании.

Сијарто денес им изјави на новинарите во Будимпешта дека Унгарија оваа недела ќе го процени „прецизното правно и физичко влијание на санкциите“ кои Трамп ги воведе врз руските компании минатата недела. „Доколку е потребно, премиерот ќе може лично да разговара за ова прашање следната недела во Вашингтон“, кажа Сијарто.

Тој додаде дека средбата меѓу Трамп и Орбан треба да се одржи во Вашингтон во втората половина од следната недела, но не го прецизираше точниот датум.

Трамп изјави дека Европа мора целосно да се откаже од руската нафта и гас, а неодамна воведе санкции против Росњефт и Лукоил, најголемите руски нафтени компании, и нивните подружници. По тие санкции, Орбан рече дека неговата земја работи на наоѓање начини за заобиколување на американските санкции наметнати врз руските нафтени компании.

Од друга страна, Метју Витакер, американскиот амбасадор во НАТО, кажа дека Вашингтон очекува Унгарија да се откаже од руската нафта и гас.

ТОП ВЕСТИ