недела, 14 декември 2025

Орбан: Русите победија, прашање е само кога Западот ќе го признае тоа

Русија ја доби војната со Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред средбата меѓу американскиот и рускиот претседател во петок на Алјаска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Унгарскиот премиер, кој одржува блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин, беше единствениот лидер на Европската Унија кој вчера не ја поддржа заедничката изјава во која се истакнува дека Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина.

„Сега зборуваме како да е ова неизвесна воена ситуација, но не е. Украинците ја загубија војната. Русија ја доби“, кажа Орбан во интервју за каналот Патриот на Јутјуб. „Единственото прашање е кога и под кои околности Западот, кој стои зад Украинците, ќе признае дека тоа се случило и какви ќе бидат последиците“.

Унгарија, земјата што добива најголем дел од енергијата од Русија, одби да ѝ помогне на Украина со оружје, а Орбан остро се спротивставува на патот на Украина кон ЕУ.

Унгарскиот премиер тврди дека Европската Унија ја пропуштила можноста да преговара со Путин за време на мандатот на последниот, демократски американски претседател Џо Бајден, па сега се заканува дека други ја обликуваат нејзината иднина.

„Ако не сте на преговарачката маса, вие сте на менито“, оцени Орбан, додавајќи дека Будимпешта се спротивставила на заедничката изјава бидејќи Европа во неа изгледа „смешна и мизерна“. „Кога двајцата лидери ќе седнат на преговори, Американците и Русите… а вие не сте поканети таму, тогаш не брзајте кон телефонот, не трчајте наоколу, не викајте однадвор“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ