Орбан на Фејсбук потврди дека самитот не е откажан.
„Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, е во Вашингтон. Подготовките за мировниот самит продолжуваат. Датумот сè уште е неизвесен. Кога ќе дојде време, ќе го одржиме“, напиша тој.
Трамп минатата недела објави дека наскоро ќе се сретне со Путин во Унгарија во обид да се заврши војната во Украина. Сепак, вчера тој рече дека не сака „залудна средба“, но навести дека може да има нови случувања, велејќи дека „ќе нè извести во следните два дена“.
Орбан, кој заостанува во повеќето анкети пред парламентарните избори во 2026 година, му е долгогодишен сојузник на Трамп.






