четврток, 9 април 2026

Орбан: Поддршка ни даде американскиот потпретседател, а не Русите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги отфрли критиките за неговата блиска поврзаност со Русија, порачувајќи на предизборен митинг дека никој од Москва не дошол да го поддржи. „Не ја посетија Русите Унгарија оваа недела за да ми дадат поддршка, туку  потпретседателот на САД“, рече Орбан на снимка објавена од неговиот меѓународен портпарол Золтан Ковач.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Орбан нагласи дека Унгарија останува дел од Западот, но додаде дека „го боли она што се случува во Западна Европа “. Тој беше особено критикуван од германските демохристијаниНè боли тоа што германската ЦСУ стана толку левичарска партија што соработката со нив стана невозможна.

Денес нашето најсилно сидро кон западниот свет не е нашата сестринска партија во Германија, туку републиканците во САД, со кои соработуваме“, заклучи унгарскиот премиер.

Унгарија е критикувана за блиските односи со Русија откако беа објавени информации за контакти на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ