недела, 7 декември 2025

Орбан почна собирање потписи против воените планови на Брисел

Во Унгарија почна собирање потписи против воените планови на Европската Унија, објави унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е и првиот потписник на петицијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нè очекува жешка есен. Европа забрзано ита кон војна. Пред неколку недели, во Копенхаген беше претставен воениот план на Брисел: Европа плаќа, Украинците се борат, а Русија треба да се исцрпи“, напиша Орбан на Фејсбук.

Според него, Унгарија не сака да учествува во ова, поради што Европската Унија почнала дискредитирачка кампања против неа.

„Арсеналот е широк: обвинувања за шпионажа, скандали со лажни вести и правни манипулации“, објасни унгарскиот премиер.

Разговарајќи со луѓето на еден од плоштадите во Будимпешта, каде што беше поставено место за собирање потписи, премиерот кажа дека „Унгарија мора да покаже единство и сила“ во лицето на политиките на ЕУ кои претставуваат воена закана за цела Европа.

Орбан кажа дека унгарската влада нема да ги поддржи овие планови и нема да дозволи да биде вовлечена во воен конфликт со Русија.

„Не можеме само да гледаме и да не правиме ништо! Мораме уште еднаш да покажеме дека унгарскиот народ не сака војна. Токму затоа денес почнуваме да собираме потписи против воените планови на Брисел. Ќе бидеме во секој град и село, бидејќи сега ни треба секој Унгарец кој сака мир“, порача Орбан.

Тој најави дека на следниот самит на ЕУ во Брисел, кој ќе се одржи на 23 и 24 октомври, ќе се обиде да спречи одлуки што ќе овозможат спроведување на оваа опасна воена стратегија.

„Мора да се останеме настрана од ова“, заклучи унгарскиот премиер.

Унгарската влада претходно соопшти дека својот став за конфликтот во Украина и плановите на Европската Унија ќе го базира на мислењето на своите граѓани. Резултатите од собраните потписи ќе бидат презентирани како петиција против воените планови на Брисел, која се очекува да биде испратена до лидерите на ЕУ.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно изјави дека повеќето земји од ЕУ зад затворени врати се согласуваат со Унгарија дека Европа се движи кон војна и дека порано или подоцна ќе испратат војници кои ќе се вратат во ковчези.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ