недела, 7 декември 2025

Орбан очекува наскоро да се сретне со Трамп за економски договор меѓу САД и Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека очекува наскоро да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека очекува наскоро да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за економски договор меѓу двете земји.

„Постои датум, а преговарачката агенда е подготвена околу 80 проценти. Кога ќе се согласиме со Американците за преостанатите 20 проценти, заедно ќе одлучиме кога да ја објавиме средбата, а потоа тоа ќе се случи“, рече Орбан во интервју за новинската веб-страница Мандинер.

Тој додаде дека за Унгарија има место на меѓународниот мировен самит за Газа бидејќи, како што рече, таа е дел од меѓународната, промировна мрежа предводена од Трамп.

На самитот во Египет во понеделникот Трамп јасно застана на страната на унгарскиот премиер, нарекувајќи го „одлична“ личност и „фантастичен“ лидер, објави унгарската веб-страница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ