вторник, 17 јуни 2025

Орбан: Не ја сакаме Украина во ЕУ ниту нов источен фронт

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата не сака „нов источен фронт“ и членство на Украина во Европската Унија, додавајќи дека забрзаното пристапување на Киев кон ЕУ е „погоден изговор за воена реорганизација на Европа“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во говорот на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Будимпешта, Орбан рече дека патриотската агенда, за разлика од „провоениот, либерален план, првенствено е фокусирана на мирот“, пренесува МТИ.

„Сакаме христијанска култура, училишта на национални темели, улици и населби без страв и сакаме да бидеме горди на нашите нации – тоа е планот на патриотите“, изјави Орбан.

Тој додаде дека патриотите сакаат суверенитет и ги отфрлаат заедничките даноци и заедничките заеми, како испраќање „наши пари во трета земја во војна“.

Унгарскиот лидер, исто така, повика на заштита на слободите, велејќи дека „слободите на политиката, мислата и мислењето мора да им се вратат на луѓето“, додавајќи дека „сакаме да ја вратиме Европа од мигрантите“.

Орбан рече дека „најголемиот проблем со Брисел не е тоа што е управуван од либерали, прогресивни бирократи, туку што е провоено (ориентиран)“, додека САД, како што рече, конечно се залагаат за мир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ