Таа мисија ќе се фокусира на економската соработка и е дел од стратегијата „сега да се размислува за повоениот период и за периодот без санкции“, кажа Орбан на собир од околу 1.000 луѓе во спортска сала во Кечкемет, во централниот дел на Унгарија.
Орбан, еден од ретките европски лидери блиски и до американскиот претседател Доналд Трамп и до рускиот претседател Владимир Путин, кажа дека разговара и со Американците и со Русите, но дека не може да открие детали, објави парискиот весник Ле Монд на својата веб-страница.
„Треба да го предвидиме тој период, бидејќи ако Бог ни помогне и војната заврши без да нè вовлече во неа, и ако американскиот претседател успее да ја реинтегрира Русија во глобалната економија, а санкциите да бидат укинати, ќе се најдеме во сосема поинаков економски простор“, додаде унгарскиот премиер.






