четврток, 2 април 2026

Орбан ја повика Европа да ги укине санкциите на рускиот енергетски сектор

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја повика Европа веднаш да ги укине санкциите на рускиот енергетски сектор со цел да ја заштити својата економија од она што тој го нарече една од најтешките економски кризи во нејзината историја како последица на војната со Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не мора да размислуваме за Путин, туку за нашата земја и нашиот народ. Наместо војна, сакај ја и спаси ја својата земја, Доналд“, кажа Орбан како одговор на изјавата на полскиот премиер Доналд Туск, кој ги оцени активностите на американскиот претседател Доналд Трамп и Орбан како „план од соништата на Путин“.

Орбан и Трамп – некогаш блиски политички сојузници – постојано се судираат во последните месеци поради обидите на Орбан да блокира понатамошни санкции против Русија и нова финансиска помош за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ