вторник, 27 јануари 2026

Орбан го обвини Киев дека се меша во изборите во Унгарија (ВИДЕО)

Унгарија ќе го повика украинскиот амбасадор на разговор поради наводното мешање на Киев во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април, изјави премиерот Виктор Орбан.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Орбан кажа дека украинските лидери, вклучувајќи го и претседателот Володимир Зеленски, минатата недела упатиле „навреди и закани“ кон Унгарија.

Во објава на социјалната мрежа Икс, тој додаде дека унгарските безбедносни служби заклучиле дека станува збор за координиран обид за влијание врз изборите и дека побарал од министерот за надворешни работи Петер Сијарто да го викне амбасадорот на разговор.

Минатиот четврток Зеленски ја критикуваше Европа, опишувајќи ја како „фрагментиран калеидоскоп од мали и средни сили“ на кои, според него, им недостасува решителност. Тој предупреди дека Европа не треба да дозволи нејзините главни градови да станат „мала Москва“.

Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски кажа дека „секој Виктор кој живее од европски пари додека се обидува да ги продаде европските интереси заслужува шамар“, што Орбан го протолкува како директна порака до Унгарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ