петок, 19 декември 2025

Орбан го објави писмото на Трамп: Многу сум лут! (ФОТО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го објави одговорот на американскиот претседател Доналд Трамп на неговото писмо во кое предупредува на последиците од украинскиот напад врз нафтоводот Дружба.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Трамп во писмото изјавил дека е „многу лут“ поради инцидентот.

„Викторе, не ми е мило што го слушам ова, многу сум лут поради тоа. Кажи ѝ го тоа и на Словачка. Ти си мој голем пријател. Доналд“, се вели во писмото, кое Орбан го објави на социјалните мрежи.

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто претходно изјави дека имало уште еден напад на нафтоводот Дружба, поради што е прекинат транспортот на нафта за Унгарија.

„Во текот на ноќта добивме вест дека нафтоводот Дружба на руско-белоруската граница повторно бил нападнат – по трет пат за краток временски период“.

„Транспортот на нафта за Унгарија повторно е запрен“, изјави Сијарто во објава на Фејсбук, пренесува Хирадо.

Сијарто оцени дека ова е „уште еден напад“ врз енергетската безбедност на Унгарија.

„Уште еден обид да нè вовлечат во војна. Нема да успее. Ќе продолжиме да ги поддржуваме мировните напори со сета наша моќ и да ги браниме нашите национални интереси“, рече Сијарто.

Протокот на руска нафта кон Унгарија претходно беше прекинат на 17 август, откако Украина наводно повторно го нападна нафтоводот Дружба, протокот на нафта беше обновен пред три дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ