„Се покажа дека приватните компании од земјите членки на ЕУ имаат повеќе средства во Русија отколку замрзнат имот тука. Затоа, ако Русите возвратат со запленување на овие средства, Европа нема да победи, туку ќе изгуби“, кажа Орбан, а пренесува РИА Новости.
Унгарскиот премиер додаде дека идејата за конфискација на рускиот имот затоа е „мртва“ и дека е одложена.
ЕУ одлучи да обезбеди бескаматен заем на Украина, но не тој да се плаќа од замрзнатите руски средства, што беше идејата на некои земји.






