петок, 30 јануари 2026

Орбан: ЕУ сака да ја прими Украина до 2027 бидејќи сака да ѝ даде пари од новиот буџет

Унгарскиот премиер Виктор Орбан тврди дека Европската Унија планира да ја прими Украина до 2027 година за да има пристап до следниот седумгодишен буџет на Унијата, додека во исто време украинскиот претседател Володимир Зеленски се држи до целта за приклучување кон ЕУ до таа година, а Будимпешта е против тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во снимките објавени од унгарскиот меѓународен портпарол Золтан Ковач, Орбан тврди дека лидерите на последниот самит на ЕУ добиле документ во кој се опишува планот на Брисел да ја проими Украина во 2027 година.

„Тие сакаат да ја примат Украина во 2027 година затоа што сакаат да ѝ дадат пари од буџетот, од седумгодишниот европски буџет кој почнува во 2028 година, што значи дека овие пари ќе бидат земени од нас, земјите од Централна Европа“, кажа Орбан.

„Затоа, постои временски ограничен рок Украина да биде воведена во ЕУ пред почетокот на следниот седумгодишен буџет“, додаде тој.

Орбан го повтори своето противење на членството на Украина во ЕУ, тврдејќи дека Украина „не може да ја заштити Европа од Русија“ и дека тоа не ја зајакнува Европа, туку, како што вели, „ја влече во војна“.

„Парите кои ги даваме или сакаме да ги дадеме на Украина треба да се користат за развој на армиите и опремата на европските земји. Нашата линија на одбрана против Русија не е украинско-руската граница, туку границата на НАТО“, кажа Орбан.

Тој додаде дека, според него, Украина треба да се држи помеѓу двата блока од безбедносни причини.

Овие изјави треба да се гледаат во контекст на претстојните избори во Унгарија, каде што прашањето за Украина ќе биде едно од клучните, додека Фидес на Орбан во моментов е 10 процентни поени зад опозициската партија Тиса.

Според најновата анкета спроведена од Завец рисрч и објавена од порталот Телекс, меѓу одлучените гласачи, Тиса има поддршка од 49 проценти, во споредба со 47 проценти во ноември, додека Фидес има 39 проценти, во споредба со 38 проценти во ноември, а крајно десничарската партија Ми Хазанк има поддршка од 5 проценти од одлучените гласачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ