петок, 19 декември 2025

Орбан: ЕУ нема пари за Украина, ниту идеја како да ги набави

Европа сака продолжување на конфликтот, но нема пари за да го финансира Киев, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан откако на вонредниот самит на Европската Унија се дискутираше планот на Соединетите Американски Држави за Украина, објавуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денес одржа неформален состанок на лидерите на ЕУ во Луанда за да разговараат за ситуацијата во Украина, а Орбан учествувал преку видеоконференција.

„По денешната видеоконференција, можам да кажам само едно со сигурност. Европската Унија сака да ја продолжи војната, но нема пари за испорака на воена опрема во Украина, ниту пари за финансирање на функционирањето на украинските операции, ниту најмала идеја како да ги добие тие пари“, кажа Орбан во видео порака објавена на социјалните мрежи.

Тој додаде дека ЕУ има идеја земјите-членки да ги здружат своите ресурси. Сепак, Унгарија не е подготвена да го стори тоа, ниту да земе заеднички заем, истакна тој.

„Не сме подготвени да ја ставиме иднината на нашите внуци под хипотека за да финансираме војна во која Украина не може да победи“, кажа унгарскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ