недела, 14 декември 2025

Орбан: Доналд Трамп ја изеде Урсула фон дер Лаен за појадок

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го трговскиот договор меѓу САД и Европската Унија, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „ја изел претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, за појадок“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ова не е договор… Доналд Трамп ја изеде фон дер Лаен за појадок, тоа се случи и претпоставувавме дека тоа ќе се случи бидејќи американскиот претседател е тешка категорија кога се во прашање преговорите, додека госпоѓата претседателка е многу лесна категорија“, изјави Орбан.

Орбан изјави и дека договорот меѓу ЕУ и САД е понеповолен од оној што Вашингтон неодамна го склучи со Лондон, според кој за повеќето британски производи што се извезуваат во Америка се плаќа царина од 10 отсто.

Европа реагира на трговскиот договор со САД

Францускиот премиер Франсоа Бајру изјави: „Тажен ден е кога сојузот на слободни народи, собрани да ги потврдат своите заеднички вредности и да ги бранат своите заеднички интереси, се предава на покорноста“.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека овој договор „успеал да спречи трговски конфликт кој сериозно би влијаел на извозно ориентираната економија на Германија“.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека е позитивно што договорот постои.

„Но, ако не ги видам деталите, не сум во можност да го оценам на најдобар начин“, додаде таа.

Романскиот премиер Илије Боложан го поздрави договорот, а финскиот премиер Петери Орпо изјави дека тој „носи многу потребна предвидливост во глобалната економија и на финските компании“.

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави дека трговските услови нема да бидат толку добри како порано.

„И тоа не е наш избор, туку мора да се најде рамнотежа што ќе ја стабилизира ситуацијата и со која двете страни ќе можат да живеат“, рече тој.

Шведскиот министер за трговија Бенџамин Дуза истакна дека овој договор никого не прави побогат, но можеби е најмалку лоша алтернатива.

Ирскиот министер за трговија, Сајмон Харис, изјави дека договорот обезбедува сигурност за ирските, европските и американските бизниси, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ