четврток, 15 мај 2025

Орбан до полскиот премиер: Не се надевај премногу, Унгарија нема да ја напушти ЕУ, ние ќе ја трансформираме

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги отфрли тврдењата на полскиот премиер Доналд Туск дека Унгарија се оддалечува од Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Драг Доналд, не се надевај премногу“, порача Орбан на социјалната мрежа Икс и додаде:

„Унгарија нема да ја напушти Европската Унија. Заедно со Европската политичка партија ќе ја трансформираме и ќе ја вратиме на она што некогаш беше кога ѝ се придружија Полска и Унгарија“.

Туск претходно предупреди дека Орбан „отворено зборува за напуштање на Европската Унија“, оценувајќи дека претстојните избори за Европскиот парламент ја одлучуваат иднината на ЕУ.

„Вредеше да се победи на изборите само за сонот на (Јарослав) Качињски за „Будимпешта во Варшава“ никогаш да не се оствари“, додаде Туск, алудирајќи на блиските политички односи меѓу унгарската партија Фидес и поранешната полска владејачка партија Право и правда (ПиС).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ