понеделник, 15 декември 2025

Орбан до Фон дер Лаен: Време е да заминеш (ФОТО)

Време е да си оди, ѝ порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и ја повика да поднесе оставка, откако Европскиот суд на правдата ја прогласи фон дер Лајен за одговорна за прикривање информации за договорита за набавка на вакцини на 14 мај.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Орбан го објави ова на социјалната мрежа Икс, заедно со фотографија стилизирана како насловна страница на списанието Тајм, посветена на повлекувањето на поранешниот американски претседател Џо Бајден од изборната трка во 2024 година, на која е прикажана Фон дер Лаен со текстот – „Време е да си оди“.

Орбан на Икс истакна дека „утре ќе биде турбулентен ден во Европскиот парламент и дека европратениците ќе гласаат дали Фон дер Лаен треба да продолжи да ја води бриселската бирократија“.

„Гласањето беше закажано поради корупциските скандали што се трупаат околу претседателката, но сите знаеме дека корупцијата е само врвот на сантата. Ова е повеќе од тоа. Станува збор за компетентноста, резултатите и иднината на Европа“, рече Орбан.

Потоа тој го изложи билансот на состојба на Европската комисија под Фон дер Лаен.

„Европската конкурентност е во урнатини, европските цени на енергијата отидоа во небо, нелегалната миграција е надвор од контрола, родовата идеологија е задолжителна, војната во Украина е мелница за месо, европските земјоделци се на работ на опстанок, а бесмислената зелена идеологија е на својот врв. Утре доаѓа моментот на вистината: од едната страна, бриселската империјална елита, на другата, патриотите и здравиот разум. Нема избегнување, мора да се направи избор. Госпоѓо претседателке, лидерството подразбира одговорност. Време е да си одите“, порача Орбан.

Неговиот повик доаѓа откако повеќе од 70 европратеници ја поддржаа иницијативата за недоверба на фон дер Лаен на 27 јуни.

Европарламентарците дебатираа за иницијативата во понеделникот и треба да гласаат за неа утре.

Судот на правдата на ЕУ ја прогласи претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лаен, за одговорна за прикривање информации за договори за купување вакцини против ковид-19 во периодот 2021-2023 година.

Судот одлучуваше дали Комисијата ги прекршила правилата за транспарентност со тоа што одбила да ја објави содржината на телефонскиот разговор меѓу Дон дер Лаен и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурл, кога беше договорен договорот за вакцини против ковид вреден повеќе милијарди евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ