понеделник, 22 декември 2025

Орбан до ЕУ: „Нема други толку наивни“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Фејсбук ја нападна Европската Унија и плановите поврзани со финансиска помош за Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Според анализата на Економист, за продолжување на војната во следните четири години, на Украина треба да ѝ се обезбедат дури 400 милијарди долари. Оружје, реконструкција, пензии, плати. Чекот би бил „на име на Европа“. Нема други толку наивни кои би го покриле тоа“, напиша Орбан.

„Затоа се толку нервозни во Брисел. Затоа би сакале да посегнат по замрзнатите руски средства, да го променат системот на европски субвенции и да земат нови заеми. Ние тоа го одбиваме. Унгарија нема обврска да ја финансира Украина. Немаме никаква политичка, економска или морална причина за тоа.

Не сме единствените во Европа кои мислат така, но сме најотворени. Затоа нападите од Брисел продолжуваат да доаѓаат. Тие сакаат влада која послушно ќе кажува  „ја вол“, со европско обвинителство, политиката по мера на Брисел, „експертите“ од ЕУ и уапсен премиер.

Сакаме да им помогнеме на унгарските семејства, претприемачите и пензионери во следните четири години. Затоа воведуваме даночни олеснувања за мајките со две и три деца, ги прошируваме заемите со 3 проценти камата за компаниите и ја враќаме 14-тата пензија.

Не смееме да дозволиме нашите пари да завршат во Украина“, напиша Орбан.

Виктор Орбан долго време зазема единствена позиција во Европската Унија кога станува збор за војната во Украина. Од почетокот на руската инвазија, таа одбива да испрати оружје во Киев и се спротивставува на новите санкции против Москва, тврдејќи дека тие повеќе ѝ штетат на европската економија отколку на Русија. Тој одржува блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин, со кого редовно се среќава, и се обидува да го одржи дијалогот со Русија, особено околу енергетиката. Овој став дополнително ја оддалечува од Брисел и ја прави Унгарија речиси единствениот отворен противник на провоената европска политика за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ